Фудбалерите на Караорман ја совладаа екипата на Белица со 4:0. Хет-трик на оваа средба постигна Ивица Ќелешоски, а еднаш погоди и Јусуфи. Фудбалерите победата му ја посветија на нивниот повреден соиграч Никола Секулоски кој се повреди на натпреварот со Искра. Сите му посакуваат што побрзо опоравување и враќање на зелениот терен.




