Кафе Бар “Деветка” од Мислешево се закити со уште еден трофеј на турнирите во мал фудбал. Тие синоќа стигнаа до третото место на турнирот во мал фудбал во Ресен.

Во малото финале Кафе Бар “Деветка” беа подобри од тимот на Инекс Олгица од Охрид.
Ова е втор трофеј за една недела за тимот на Кафе Бар “Деветка”. Минатата недела тие ја освоија титулата на турнирот во мал фудбал Враништа 2024.




