Кафе Бар “Деветка” од Мислешево се закити со уште една титула на турнирите во мал фудбал. Тие денес стигнаа до првото место на деветтиот по ред меморијален турнир во мал фудбал „Валентин Стефановски” Демир Хисар 2023.
Во финалето кафе Бар “Деветка” беа подобри од тимот на Асан од Кичево со 1:0 и сосема заслужено се закитија со титулата и во Демир Хисар, после многуте победи летово на турнирите во Струга и Охрид. Сопственикот Крсте Јованоски на Кафе Бар “9” од Мислешево има огромна заслуга за победите на овие квалитетни фудбалери и учествата на сите овие турнири , заради неговата несебична помош и од финансиска и од морална природа.




