Во четвртфиналниот натпревар на деветтиот по ред меморијален турнир во мал фудбал „Валентин Стефановски” Демир Хисар 2023, екипата на Кафе Бар “Деветка” на пенали беше подобар од тимот на Д-р Баткоски.
Кафе Бар “Деветка” во победата која ја посветува на својот соиграч Оливер Колоски кој се повреди во групната фаза, имаа огромна поддршка од публиката.




