Јуниорките убедливо поразени на гостување кај Вардар
Вардар – Струга 2009 66:32
(17:11; 18:05; 19:12; 12:04)
Пораз со голема разлика, но настапивме со 7 играчи, без точно пола од тимот поради ситни повреди, настинки и почетокот на Рамазанскиот пост.
Така што натпреварот ни послужи за некои играчи да добијат шанса и поголема минутажа.
Се надевам дека комплетни ќе продолжиме да се бориме за 2-то место, а ако не, барем да го осигураме 3-то место.
Најдобри стрелци за нашата екипа беа:
- Жиба 12 поени
- Белкоска и Таранеши по 6 поени
- Незири 3 поени
- Коруноска и Кавај по 2 поени
- Муртиши 1 поен
Кај Вардар, најдобра беше Пислевска со 18 поени.




