Македонскиот голман Мартин Томовски се најде во тимот на 21. коло во најсилната ракометна лига во светот – Бундеслигата!
Иако неговиот тим Потсдам загуби од Магдебург, Томовски блесна со неверојатни 18 одбрани, покажувајќи дека е еден од најдобрите чувари на мрежата оваа рунда. Со 90 HPI индекс, сосема заслужено се најде во најдобриот состав на колото.
Покрај него, во тимот на колото се најдоа и неколку други врвни играчи, меѓу кои Марко Гргиќ (99 HPI), Матијас Гидсел (99 HPI) и Лука Вицке (95 HPI).
Ова е големо признание за Томовски, кој со вакви настапи докажува дека може да биде еден од најдобрите голмани во Бундеслигата!





