Според англиските, но и италијанските медиуми Манчестер Јунајтед се согласил да го продаде Алексис Санчез. Купувач, секако ќе биде Интер, каде што Чилеанецот во изминатата сезона игра како позајмен играч.
Антонио Конте наводно бил задоволен од неговите настапи, па сака да го задржи. Најнапред ќе му биде продолжена позајмицата до крајот на оваа сезона, бидејќи беше прекината, па рестартирана, поради коронавирусот.
Сумата која се спомнува дека Интер ќе ја плати е 25 милиони евра. Сепак, на крајот Алексис Санчез ќе треба да се согласи на намалување на платата, бидејќи Интер нема да му даде повеќе од 5 милиони евра годишно. Тој во Манчестер Јунајтед беше втор најплатен фудбалер со 400 илјади фунти неделно. Досега за време на позајмицата, половина плата исплаќаше Интер, а другата половина Јунајтед.