Мартин Јовановски поранешниот голман на Струга кој оваа сезона ги брани боите на Анортозис Фамагуста првакот на Кипар брани во одлична форма.
Македонскиот голман Мартин Јовановски на турнирот во организација на АЕК Атина каде учествуваа покрај домаќинот и тимовите на Анортозис, Јоникос и Дукас, беше избран за најдобар голман и МВП на целиот турнир.