Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски и нивниот тим Ваљадолид стартуваа со победа во новата сезона од Асобал лигата во Шпанија.
Македонските интернационалци во првото коло славеа на гостувањето кај Уеска со 25:30. Димитар Димитриоски постигна 3 гола, додека Дарко Димитриевски придонесе со 1 погодок во првата победа на нивниот тим.