Куманово славеше на гостувањето во Битола кај Пелистер со 22:29 во 9. коло од женската лига.
Голманката Марија Јовановска бранеше одлично на голот на Куманово, додека во нападот најефикасни беа Сара Цветановска со 9 гола и Пена Граматова со 5 погодоци. Во тимот на Пелистер се истакна Марија Јанкуловска со 7 погодоци.



