Селекторот на Германија, Јоаким Лев во пресрет на утрешниот дуел против Македонија, најави трета победа во квалификациите. Германија и Македонија натпреварот ќе го играат во Дуизбург и тоа ќе биде прво соочување помеѓу двете репрезентации.
,,Панцерите” триумфираа минимално кај Романија со голот на Гнабри, кој беше најистурен во офанзивната линија со Сане и Хаверц. Дуелот од третото квалификациско коло за Светско првенство 2022 година е закажан за утре во 20:45 часот.