Бразил последната мундијалска титула вкупно за нив петта и тоа од Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја, а нивен двигател до трофејот беше Роналдо кој што беше и прв стрелец со осум погодоци.
Прва ѕвезда на Мундијалот беше токму Роналдо и освен со неговата квалитетна игра и постигнатите голови, се прослави и со фризурата. Затоа денеска фудбалерот се потсетува на тој период и испраќа извинување на сите мајки кои што нивни деца во 2002 година направија иста фризура како неговата, а беше навистина катастрофална, како што и сам си признава.