Во турскиот шампионат екипата на Коњалти славеше против тимот на Сиваспор со убедлив триумф од 36:28, а најзаслужна за победата е македонската интернационалка Монија Јанеска која што имаше двоцифрен учинок од 10 постигнати гола.
Јанеска секој нов натпревар се етаблира како врвен стрелец и се повеќе ја презема улогата на лидер во тимот. Од друга страна ако продолжи победничкиот тренд на Коњалти и стигнат на крај барем до петтото место на табелата, идната сезона ќе играат и во европските купови.



