Македонскиот ракометен интернационалец Виктор Гигов имаше нов маестрален меч за грчкиот тим на ПАОК. Тие во натпревар од домашниот шампионат губеа на полувреме од Пилеа со 16-17. Во вториот дел на голот на Паок застана искусниот македонец и направи целосен пресврт. Прими само 5 гола за едно полувреме и неговиот тим стигна до пресврт и до висока победа 33-22.



