Во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа ждрепката за четирите групи во фазата на 16 најдобри екипи во машкиот дел од Купот на Македонија. Добро познатиот принцип, со извлекување на реден број по бергеровиот систем беа одредени полуфиналните парови во групите.
Победниците во првите дуели, ќе играат меѓусебе за пласман на „Фајнал-фор“ турнирот на Купот. Подредени во четири шешири, носители и сите под нив според пласманот во првата полусезона, беа распределени во четири групи.
Групи во Купот се следниве:
Група А: Металург, Еурофарм Пелистер 2, Голден Арт КЛ7, Работнички
Група Б: Еурофарм Пелистер, Пролет 62, Прилеп
Група В: Вардар 1961, Тиквеш, Радовиш, Астраион
Група Г: Охрид, Бутел, Струга, Јуниор Кисела Вода.
Парови во групите се следниве:
Група А: Еурофарм Пелистер 2 – Металург, Работнички – Голден Арт КЛ7
Група Б: Пролет 62 – Прилеп, Младост 1977 – Еурофарм Пелистер
Група В: Атраион Хендбол – Радовиш, Вардар 1961 – Тиквеш 2014
Група Г: Бутел – Јуниор К.В, Струга – Охрид.