
Клубот Униреа од Урзичени, беше вистински хит во Европа кога влезе во групната фаза од Лигата на шампионите, но популарниот Челзи од Лаломика, одеднаш почна да тоне и пропаѓа, па од врвот падна на дното.

Униреа во 2009 година стана шампион на Романија, влезе во Лига шампиони и беше во група со Севилја, Штутгарт и Глазгов Ренџерс, го освои третото место, па продолжи во Лига Европа каде имаше двомеч со Ливерпул.

Прво Униреа не доби лиценца за настап во првата романска лига, а кон крајот на таа година клубот згасна. На европска сцена имаа пресметки и со Зенит и Хајдук Сплит, но бајката брзо заврши, веќе во 2011 година почна падот.

Стадионот во Урзичени не личи на стадион, се планира негово уривање, и со тоа ќе се избрише и последниот спомен од овој некогашен клуб кој беше хит. Следуваше пререгистрација, но и преселба, па сега опстојуваат како аматерски клуб во пониските рангови кои се третираат како аматерски лиги.
