На Скопскиот маратон годинава се пријавија рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји.
Дарио Ивановски, кој е еден од најуспешните македонски атлетичари на долги патеки го освои третото место со резултат од 02:16:26.
Адриана Поп Арсова го освои второто место на Скопскиот маратон. Таа истрча 2:39:39 и беше за 1:47 послабо од времето на победничката Ирине Јеруто од Кенија.




