“За влакно” и избега бронзениот медал на стружанката Анамарија Стојмиловска!
Анамарија Стојмиловска вчера во склоп на репрезентацијата на Р. Македонија настапи на Балканското Првенство за Јуниори во Тирана Р. Албанија.
Во првото коло Анамарија беше слободна а во второто коло беше поуспешна од репрезетативката на БиХ, Милкица Џуриќ, во полуфиналето загуби од претставничката на Косово а во борбата за третото место беше совладана од турчинката Боскуп Ајше Нур и со тоа Анамарија се пласираше на петтото место.
Само да напоменеме дека Анамарија е сеуште втора година кадет и пред неа предстои блескава иднина.




