Женската ракометна репрезентација на Хрватска, за првпат во својата историја освои медал на големо натпреварување, денеска во битката за бронзата на Европското првенство ја совлада домашната Данска со 25:19.
Хрватките повеќе ја посакуваа победата, а по нерешените 11:11 по првото полувреме, во вторите 30 минути, ,,Коцкестите” беа многу подобар тим и се закитија со бронза.
Посавец и Јежиќ со по пет гола беа најефикасни во редовите на најпријатното изненадување на шампионатот.Кај поразената селекција Транборг и Хансен имаа по четири, а три запиша Педерсен. Во финалето играат Норвешка и Франција во борба за златниот медал.