На актуелниот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, како на поранешен играч на Црвена Звезда и навивач на тој белградски клуб, му беше забавно да гледа како ривалот Партизан се брука на гостувањето кај Крка во Ново Место, па на Инстаграм се шегуваше на сметка на тимот чиј тренер е Сашо Филиповски, а помошник му е Боби Митев.
Партизан во дуелот од АБА лигата загуби од Крка од Ново Место со резултат од 50:69, а на сето ова Перо Антиќ уживаше да му фаќа сеир на ,,Црно-белиот” тим. Во прилог и фото:





