
Во досегашниот дел од сезоната на грчката Супер лига 2 Север, Пансераикос има само два порази.
Двете загубени средби, клубот од Серес ги оствари против солунскиот Ираклис со идентичен резултат од 2-0.
Во осумнаесеттото коло, лидерот на табелата беше поразен на гостински терен со 2-0 при што, со новите три бода, Ираклис скокна на шестата позиција.
На натпреварот во Серес, двоен стрелец беше Дензел Јубитана, кој денес повторно му донесе водство на својот тим од пенал во четириесеттата минута.
Во второто полувреме, конечниот резултат го постави Манос Патралис (76′).