Еден од најквалитетните англиски крикет играчи, кој директно беше најзаслужен за освојувањето на светското првенство минатата година, Џофра Арчер, за „Би Би Си Спорт“, даде интересен предлог во врска со натпреварите кои најверојатно ќе бидат одиграни пред празни трибини, доколку се продолжат сите натпреварувања.
„Додека играме крикет, често пуштаат музика, па зошто не би можеле да направиме симулирани звуци на публика? Може да ги пуштиме аплаузите, викањата и воздишките [на звучник] и да се обидеме да го направиме тоа колку што е можно пореалистично.“
Имено, Арчер е роден во Бриџтаун, Барбадос, а за репрезентацијата на Англија настапува од минатата година. Кога се во прашање клупските натпреварувања, Арчер го носи дресовите на Сасекс и Раџастан Ројалс.