Легендарниот фудбалер Андреа Пирло кој нема тренерско искуство е нов кормилар на Јувентус по сензационалната елиминација од Лига шампиони од Олимпик Лион и отказот кој што го доби Маурицио Сари. Пирло планира голем ремонт на тимот, а прв кој споразумно си замина е францускиот играч Блез Матуиди кој потпиша договор со Интер Мајами.
Сепак има фудбалери кои што не сакаат да заминат од клубот како што се аргентинскиот голгетер Гонзало Игуаин кој има годишна плата од 7.5 милиони евра и германскиот интернационалец Сами Кедира кој што има годишни примања од 6 милиони евра. Ако сака раководството да се ослободи од овие играчи ќе мора да ги обештети пред да добијат отказ од клубот.