По промоцијата на новиот тренер и спортски директор, ракометниот клуб Куманово официјално ја продолжи соработката со Христијан Крстаноски. Играчот, висок 197 сантиметри и роден во 2000 година, потпиша нов договор на една плус една година.

Крстаноски досега настапуваше за РК Струга, РК Вардар Неготино, РК Металург ПА и МРК Куманово, а има и искуство со младинските и сениорските репрезентации на Македонија.
Ми претставува чест и задоволство што го продолжив договорот со МРК Куманово – изјави тој, ветувајќи добра игра и уште подобри резултати во новата сезона.




