Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски забележа одличен настап на Европскиот тимски шампионат во Марибор, остварувајќи скок од 7.83 метри и освојувајќи го првото место во дисциплината скок во далечина во 3-та дивизија.

Со овој резултат, Трајковски донесе важни поени за македонската репрезентација и уште еднаш го потврди својот квалитет на меѓународната сцена.




