Екипата на Кил стигна до титулата во Купот на Германија откако во финалето успеаја да го совладааат Магдебург со 28:24 (полувреме 14:13). Никлас Ландин со 20 oдбрани беше најзаслужен за титулата на Кил.
Во нападот Рајнкинд со 6 погодоци беше најефикасен кај победникот, додека во поразениот тим Дамгард даде 6 голови.



