Македонскиот напаѓач Илија Несторовски постигна хет-трик во победата на Удинезе над словенечка Илирија (3-0). Македонскиот ас во листата на стрелците на контролниот натпревар се запиша во 46., 72. и 83. минута, откако на полувремето влезе од клупата.
Ова беше шести гол на Несторовски во третиот подготвителен натпревар летово за тимот на Удинезе откако претходно му даде еден гол на Лиенц и два на Унион Берлин.