Јужно корејскиот репрезентативен напаѓач и член на лондонски Тотенхем, Хеон Сон Мин игра во животна форма во Премиерлигата и би можел да направи трансфер од своите соништа во тимот на Реал Мадрид.
Зинедин Зидан го сака офанзивецот во своите редови и наскоро ќе има состанок меѓу шпанскиот првак и Тотенхем за евентуален трансфер. Сон, кој има 28 години, за Тотенхем игра од 2015 година, а пристигна од Баер Леверкузен. Претходно тој го носеше и дресот на Хамбургера, а оваа сезона кореецот на 24 натпревари успеа да постигне 14 гола и да додаде уште 7 асистенции.



