Откако вчера Торки Јунајтед избори пласман во финалето на плејофот на Националната Лига, денес, истото му појде од рака и на тимот на Хартлпул.
Имено, популарните ,,Манки хенгерс” во полуфиналето, како гости го поразија Стокпорт со 0-1.
Стокпорт беше третопласиран после регуларната сезона и имаше огромни амбиции, базирани на бројните засилувања, за влез во Лиг 2.
На спротивната страна, Хартлпул ја заврши сезоната како четврти, а во четврт-финалето на плејофот славеше над Бромли со 3-2.
Денешниот херој на мечот беше воедно и најдобриот стрелец на гостите, Рајс Оутс (76′), кој се запиша во листата на стрелците по шеснаесетти пат сезонава.
Финалето, наместо на ,,Вембли”, поради ЕУРО 2020 ќе се одигра на ,,Ештон Гејт” со почеток од 15 часот наредната недела.