
Најизненадувачкиот резултат од дваесет и второто коло на англиската Национална лига го приреди екипата на Халифакс.
Популарните ,,Шејмен” го искористија домашниот терен и му го нанесоа првиот пораз на Честерфилд после два месеци, совладувајќи го со минимални 1-0.
Стрелец на единствениот погодок за домаќините беше Роберт Харкер (81′), кој го заби вториот гол на последните три средби.
На табелата, Халифакс скокна на четиринаесеттата позиција, додека Честерфилд го загуби чекорот за врвот и падна на четвртото место.