Денес, во рамките на англискиот Чемпионшип, беше одигран заостанатиот натпревар од 38. коло помеѓу Хадерсфилд и Барнмут.
На него, гостите од јужниот брег на Англија дојдоа до четвртата победа во низа, а воедно и четврта по ред над Хадерсфилд, откако славеа со 1-2.
Двата погодоци за ,,Црешите” паднаа во првото полувреме, а нивни стрелци беа Филип Билинг (15′) и Доминик Соланке (45′), кои дојдоа до своите трети голови на последните четири средби.
Во второто полувреме, ,,Териерите” успеаја само да го преполоват својот заостаток, откако Џонатан Хог (76′) го совлада Асмир Беговиќ.
На табелата, Барнмут скокна на петтото место претекнувајќи го Барнсли, а Хадерсфилд остана на деветнаесеттата позиција.
📸 Robin Jones – AFC Bournemouth via Getty Images



