
Во увертирата на 29. коло од англискиот Чемпионшип, Хадерсфилд ја продолжи својата серија на десет последователни мечеви без пораз.
Имено, ,,Териерите”, на својот ,,Џон Смит’с Стадиум”, ремизираа со 1-1 против екипата на Стоук Сити.
Домаќините водеа после првото полувреме, а стрелец беше Џош Корома (27′) по асистенција на Луис О’Браен.
Во вториот дел, гостите тргнаа по погодок, а единствениот од вкупните шеснаесет шутеви што беше реализиран, беше дело на Џејкоб Браун (78′).
Со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Хадерсфилд скокна до шестото место, додека Стоук ја зазема десеттата позиција.




