Словенечкиот среден бек Тилен Стрмлјан е најновото засилување на ГРК Охрид за сезоната 2025/2026! Искусниот 29-годишен ракометар доаѓа од германскиот Хановер Бургдорф, тим кој моментално е на врвот на најсилната лига во светот – Бундес лигата.
Стрмлјан има богато интернационално искуство, настапувајќи во престижните европски натпреварувања. Со Хановер играше во ЕХФ Европската лига, а претходно ги бранеше боите на словенечкото Цеље во Лигата на шампионите. Покрај тоа, беше дел од екипата на Рико Рибница, а во репрезентативниот дрес на Словенија има над 30 настапи во младинските и сениорските категории.

ГРК Охрид со ова засилување добива врвен организатор на играта, кој ќе ја зголеми конкурентноста на тимот во домашното првенство и на меѓународната сцена. Клубот го потврди договорот со Стрмлјан, кој ќе остане во сино-белиот дрес најмалку две сезони.
Охридските навивачи со нетрпение го очекуваат доаѓањето на новиот „гладијатор“, кој треба да донесе дополнителен квалитет и искуство во тимот.