
После едногодишно отсуство, екипата на Гримзби се врати во англиската Лиг 1, откако го освои плејофот на Националната лига.
Во финалето на ,,Лондон Стадиум”, популарните ,,Маринерс” го совладаа Солихал Мурс со 2-1 после продолженија.
Имено, Гримзби ги доби сите три ривали после два часа игра со тоа што, освен Солихал Мурс, ги елиминира уште Рексам (4-5) и Нотс Каунти (1-2) на сензационален начин.
На денешната средба, Солихал поведе со 1-0, откако највисокиот фудбалер во првите пет лиги со 210 цм, Кајл Хадлин (45+1′), со глава го совлада Макс Крокомб.
Во второто полувреме, Џон МекАти (69′) израмни на 1-1, а конечниот пресврт го комплетираше Џордан Мегваер-Дру (111′).
Заедно со Гримзби, во Лиг 2 се пласира и шампионот Стокпорт, а во Националната лига беа релегирани Олдам Атлетик и Сканторп Јунајтед.