Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски го објавува поширокиот список на ракометарки за претстојните квалификациски натпревари за пласман на WOMEN’S EHF EURO 2024.
WOMEN’S EHF EURO 2024 ќе се оддржи во три држави и тоа: Австрија , Унгарија и Швајцарија во период од 28.11 – 15.12.2024 година.
Женската сениорска репрезентација на Македонија во квалификаиите е дел од групата 5 заедно со репрезентациите на Шпанија, Азербејџан и Литванија.
На претстојната ЕХФ недела (09.10 – 15.10.2023) нашата женска сениорска селекција ќе оддигра два квалификациски натпревари против Азербејџан и Литванија.
Сениорките првиот натпревар во квалификациите го играат на домашен терен против Азербејџан на 11.10, а потоа следи натпревар на гостински терен против репрезентацијата на Литванија на 15.10.
