Еурофарм Пелистер одигра конечно шампионски и беше во игра за бодовите до самиот крај во Битола против гигантот Кил. Натпреварот заврши со победа на Кил од 20:23, иако во 50-та минута беше 19:19 , а во 57 -та минута Пелистер имаше напад за минус еден.
Најефикасен во домашниот табор беше Богдан Радивојевиќ со 5 погодоци, пред Нејц Цехте со 4 гола. Кај Кил се истакнаа Никлас Екберк и Елиас Елефсен со по 5 голови.