Овогодинешното Светско првенство во ски скокови во машка конкуренција започна денес со квалификациите на малата скокалница (ГС 106) во Оберстдорф, Германија.
На нив, со најдолгиот скок на денот од 105,5 метри, триумфираше водечкиот во генералниот пласман – Халвор Егнер Гранеруд.
На второто место заврши Словенецот Анже Ланишек, додека Штефан Крафт беше третопласиран.
Пласман во првите десет изборија уште: Даниел Андре Танде, Јукија Сато, Камил Штох, Давид Кубацки, Филип Ашенвалд, Мариус Линдвик и Данил Садреев.
📸 Alex Nicodim/NurPhoto via Getty Images



