понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Гостинска дерби победа на Јанта Волеј Кисела Вода во Струмица

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
февруари 23, 2021
📁 Спорт
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Второпласираниот славеше над четвртопласираниот тим во најсилната женска македонска одбојкарска конкуренција во последниот натпревар од петтото коло во Втората фаза-1.

Јанта Волеј Кисела Вода вторпат сезонава победи на гостувањето кај Струмица жени, по пет сета есеноска, овој пат со одиграни четири (17:25, 24:26, 25:19, 17:25), со што скопските одбојкарки го забележаа десеттиот триумф во 11-от натпревар во Првата лига.

Сепак, дури и со таков биланс, поради помал број бодови, не можеа да го преземат првото место од Вардар жени 2019, којашто е единствена екипа досега што се радуваше против Јанта Волеј Кисела Вода.

Составот на Струмица жени, пак, во претходното коло победи токму против водечките вардарки, но не успеа да ја задржи серијата од три успеси по ред, а тоа значи дека остана на четвртата позиција.

Предноста од две победи во однос на Наковски волеј изгледа комотно од аспект на трката за полуфинале од разигрувањето иако теоретски не е се готово, додека, пак, заостанувањето зад третопласираниот Работнички Скопје е еден триумф и три бода.

До крајот на оваа фаза од натпреварувањето има уште пет рунди, така што се уште се можни промени без оглед што досегашниот дел од сезоната го диференцираше квалитетот дури и во рамки на најдобрата четворка.

ShareTweet
Претходна вест

Екс играч на Лацио се договорил со Трепча и потоа им побегнал

Следна вест

Куп на Македонија: Струга гостува ка Преспа

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Куп на Македонија: Струга гостува ка Преспа

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.