Тимот на КЛ 7 дојде до првиот бод во суперлигата на гостувањето кај Струга со голот во последната секунда на младиот Емилијан Ѓорговски. Натпреварот заврши со 23-23 (полувреме 8-9).
Најефикасни во екипата на Струга беа Пеце Рајатоски со 6 голови, Богдан Николиќ со 5 и Вук Лакичевиќ со 4. Кај гостите се истакнаа Емилијан Ѓорговски со 5 и Андре Буторац со 4 гола.



