Во рамките на 29. коло од турската одбојкарска Ефелер лига, Галатасарај, во Истанбул, ја пречека екипата на Инегол.
Еден од најтрофејните турски клубови избори убедлива победа од 3-0 над гостите од околината на Бурса.
Во првиот и во вториот сет, Галатасарај беше подобар со 25-20 и со 25-22 после убедливо издание.
Во третата партија, Инегол имаше две сет топки што не успеа да ги искористи за накрај, после голема борба, да го загуби сетот со 32-30.
Нашиот репрезентативец и капитен, Никола Ѓоргиев, беше најефикасен во поразениот состав со 19 поени, а освен него, со 10 поени, двоцифрен беше и Бугаринот Тодор Валчев.
Кај Галатасарај, тројца играчи имаа по двоцифрен број на постигнати поени, односно Армандо Торес (21), Јури Бережко (15) и Догукан Улу (10).
На табелата, Галатасарај со четвртата врзана победа скокна на третото место, додека Инегол е седмопласиран со пет порази на последните шест пресметки.
📸 Twitter: Galatasaray Voleybol