Прилеп останува во Супер-лигата и следната сезона откако го совладаа лидерот Тиквеш со 32-28 на домашен терен во последниот меч од плеј-аутот.
Голден Арт КЛ7 славеа залудна победа кај Работнички со 34-39. Игор Ѓорѓиев со 10 и Кристијан Симоновски со 9 погодоци беа најефикасни во тимот на КЛ 7. Кај Работнички најефикасен беше Ончев со 8 гола.
Радовиш на домашен терен беше супериорен против Астраион со 38-15 и ќе игра бараж. Кристијан Ристов беше најдобар стрелец со 12 погодоци



