вторник, август 16, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Ракомет

Голден Арт поднесе барање за суспензија на 10 ракометари

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
септември 9, 2021
📁 Ракомет

ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЕДИУМИ И ЈАВНОСТ:
Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ја информира пошироката спортска јавност дека на ден 06.09.2021 година (понеделник) преку својот адвокат поднесе барање до Ракометната федерација на Македонија за суспензија поради неисполнување на обврските од договорот за следните играчи:
Олег Јорданов, Кристијан Симоноски, Божидар Илиески, Марко Стојковиќ, Филип Крстески, Мартин Димоски, Александар Стојков, Ѓорѓи Ерманоски, Емилијан Ѓорговски, Никола Цветаноски.
Согласно потпишаните договори со играчите наведени погоре, Клубот од своја страна кон играчите ги има исплатено сите обврски во однос на финансиски средства и испочитувано сите услови пропишани во Договорите со истите. Иако Клубот уредно ги покани сите играчи со важечки договори да се приклучат на подготовките на екипата, ниту еден од нив не се појави на тренинг и не го информираше Клубот за својата одлука да го напушти истиот, по што Клубот ги суспендираше играчите.
Исто така, Клубот информира дека е отпочната и судска граѓанска постапка против сите играчи кои до сега не се јавиле на подготовките на Клубот за оваа сезона, и побарано е заштита од сите релевантни домашни и меѓународни спортски инстанци.
Доколку не се преземат соодветни мерки од страна на РФМ, и не се одговори позитивно на нашето барање, ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ќе ги оспори резултатите на клубовите за кои ќе настапат играчите за кои се бара суспензија и ќе го смета првенството за нерегуларно.
Во интерес на развој на спортот, а во улога на спортски клуб кој од своето формирање води политика на инвестирање во млади македонски ракометари кои во иднина ќе се стават на располагање на националниот тим и ќе ги бранат боите на Македонија, апелираме до сите релевантни институции, вклучувајќи ја тука и матичната федерација, да се почитуваат договорите и да не се дозволи регистрирање и настап на играчи со важечки договори.
Спортски поздрав,
Ракометен клуб Голден Арт КЛ7

ShareTweet
Претходна вест

УС Опен: Ѓоковиќ преку Беретини до полуфинале

Следна вест

(ВИДЕО) Неверојатен последен ининг на Сиетл, кој донесе славје над Хјустон

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Тунискиот репрезентативец Суси го засили Еурофарм Пелистер
Ракомет

Тунискиот репрезентативец Суси го засили Еурофарм Пелистер

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Авг/2022
Стружанката Дукоска ја водеше Македонија до победа над Алжир
Ракомет

Фантастичната Дукоска потпиша за шампионот Ѓорче Петров

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Авг/2022
Димковски МВП, Брестовац најдобар голман! Тотиќ и Петковски најдобри крила
Ракомет

Димковски МВП, Брестовац најдобар голман! Тотиќ и Петковски најдобри крила

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Авг/2022
Финале за Македонија! Падна и Луксембург
Ракомет

Македонија ја совлада Швајцарија во финалето на ЕХФ шампионатот

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Авг/2022
Следна вест
(ВИДЕО) Неверојатен последен ининг на Сиетл, кој донесе славје над Хјустон

(ВИДЕО) Неверојатен последен ининг на Сиетл, кој донесе славје над Хјустон

Последно

Тунискиот репрезентативец Суси го засили Еурофарм Пелистер

Фантастичната Дукоска потпиша за шампионот Ѓорче Петров

(ВИДЕО) Селтик го ,,награди” Килмарнок со ,,петарда” и со две ,,ножички”

(ВИДЕО) Ред Сокс ги ,,решија” Јенкис во најголемото дерби на МЛБ

Димковски МВП, Брестовац најдобар голман! Тотиќ и Петковски најдобри крила

Стружани одлични на “ТРОФЕЈ ВЕЛЕС”

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.