Македонската А репрезентација во Малта вечерва ќе го одигра квалификацискиот натпревар за пласман на ЕП 2024 против домашната селекција.
Нашиот репрезентативец, Ѓоко Зајков смета дека пристапот треба да биде одговорен и вистински во намерата да победиме против Малта.
„Малта не е наивен противник. Треба да одиграме одговорно и фокусирано. Во денешниот фудбал не постојат аутсајдери. Ни треба вистински пристап и максимален ангажман од сите во тимот”.