Во дербито на второто коло од Втора МФЛ Запад во Охрид, ГФК Охрид Лихнидос со пресврт во второто полувреме, откако гостите го имаа водството, домаќините со погодоците на Александар Ѓорѓиески и Љупче Трпески стигнаа до триумф од 2:1 и трите бода.
Во останатите натпревари Кораб во Дебар славеше победа од 2:1 над Влазерими, додека со ист резултат Кадино славеше над Дрита, а најефикасен натпревар беше помеѓу Вардар Форино и Скопје кој заврши со резултат од 3:3.