
Последното натпреварување од Светскиот куп во ски скокови пред Светското првенство беше одржано во Рашнов, Романија.
Воедно, истото беше второ во историјата и последно во тековната сезона во конкуренција на супер тимови (2х2).
На него, до првиот триумф во овој формат дојде Германија, за која настапија Карл Гајгер и Андреас Велингер.
Второто место го зазедоа Словенците Максим Бартољ и Жига Јелар, а Филип Ашенвалд и Клеменс Аигнер и’ донесоа трето место на Австрија.
Во продолжение, пласманот во првите десет го пополнија Норвешка, Полска, САД, Швајцарија, Јапонија, Италија и Романија.