Германската фудбалска федерација го одреди градот во кој ќе ја пречека Македонија во квалификациите за Светско првеснтво 2022 година во Катар. Натпреварот кој е закажан за 31. март, ќе се игра во Дуисбург на „МСВ Арената“ чиј капацитет е од 31.500 седишта.
Македонија на стартот од квалификациите ќе игра против Романија на 25. март во Букурешт, потоа на 28. март го пречекуваме Лихтенштајн по што на 31. март во Дуисбург ќе играме против Германија.



