Последниот олимписки настан од санкачката програма беше денешното тимско натпреварување.
На него, Германија (3:03,406) дојде до златниот медал на крилјата на дуото Тобијас Вендл/Тобијас Арлт, кои го надоместија заостатокот на Натали Гајзенбергер и на Јоханес Лудвиг.
Сите четири германски претставници беа и единствените освојувачи на златните одличја на претходните три нештафетни натпреварувања.
На втората позиција заврши Австрија (+0,080), во состав на Маделеине Егле, на Волфганг Киндл и на Томас Штој/Лоренц Колер.
На првиот медал на ЗОИ 2022 се радуваше и Летонија (+0,948), која ја освои денешната бронза како последна селекција со заостсток под една секунда.
Боите на оваа балтичка земја ги бранеа Елиза Тирума, Кристерс Апарјодс, Мартинш Ботс и Робертс Плуме.
Во првите десет се сместија уште: Русија (+1,261), Италија (+1,446), Канада (+1,829), САД (+2,335), Полска (+3,730), Романија (+4,286) и Чешка (+6,150).