Деби од соништата за новиот селектор Кире Лазаров. Македонија го изненади светскиот првак Данска со 33-29 (полувреме 17-13) во СЦ “Борис Трајковски” и речиси со една нога е пласирана на Европското првенство. Блескаше Никола Митревски на нашиот гол со 13 одбрани. Во нападот најдобри беа Талески, Манасков и Кузмановски со по 5 голови. А одличен камбек имаше Филип Миркуловски кој одлично диригираше со нашиот напад постигнувајќи 3 голови а подели и неколку прекрасни асистенции и изнуди неколку пенали.
Во продолжение неколку фотографии од натпреварот кои ги објави ракометната федерација на Македонија. Уживајте!