Северноирскиот интернационалец Шејн Дафи, моментално е испратен на едносезонска позајмица во актуелниот шкотски шампион, Селтик, од редовите на Брајтон.
Вчера, Селтик успеа да го порази Абердин со 2-0 и да избори пласман во финалето на Шкотскиот Куп, каде што ќе се соочи со второлигашот Хартс.
Дафи, кој претходно настапуваше за Евертон, Барнли, Сканторп, Јеовил, Блекбурн и Брајтон, досега нема освоено ниеден трофеј.
Најдобриот учинок му е вицешампионскиот назив на Брајтон во Чемпионшип од сезоната 2016/17, како и три индивидуални признанија.
Во врска со ова, Дафи ,,реши” да ги испровоцира неговите поранешни клубови со објавата на својот официјален Твитер профил, која гласеше:
,,Понекогаш, лошите работи што ни се случуваат во животот, нè ставаат директно на патот кон најдобрите работи што некогаш ќе ни се случат.”