Еден од најпознатите фудбалски клубови од Шкотска, дефинитивно е Хиберниан ФК, кој потекнува од Единбург. Основан уште во далечната 1875 година од страна на ирските иселеници во шкотскиот главен град, досега имал важна улога во креирањето на историјата на шкотскиот фудбал. Имено, Хиберниан е четирикратен шкотски првак и трикратен освојувач на Шкотскиот Куп и Шкотскиот Лига Куп.
Моментално, на чело со Џек Рос, поранешниот тренер на Сандерленд, Хиберниан е прволигаш, кој заврши на шестото место во прекинатата сезона 2019/20.
Хиберниан официјално има признаено повеќе навивачки клубови, а најголемиот број од нив се од Шкотска. Најновиот член на оваа листа е т.н. „Ајриш Хибс Супортерс Груп“, базиран во Ирска. Главниот директор на клубот, Конор Вилијамсон, даде ексклузивно интервју за „Јави се јужна“, а неговите изјави можете да ги прочитате во продолжение:
„Пред неколку години, јас и еден мој пријател уживавме во натпреварите и продолживме да одиме. Тогаш запознавме многу Ирци и ја покренавме фан-страната. Мислам дека ја покренавме страната пред една и пол година и првичната цел ни беше да најдеме навивачи на Хиберниан од Ирска со надеж да патуваме заедно на натпреварите.“
„Неодамна, собрав доволно за да спонзорирам два играчи за наредната сезона и исто така добивме официјално признание од клубот.“
„Страната достигна до бројка од пет илјади луѓе, а шкотските навивачи на Хиберниан, нè прифатија и нè поддржуваат во сè што се обидуваме да направиме.“
„Навивачите на Хиберниан ни помагаат уште од првиот ден со тоа што ни набавуваат билети за тешки натпревари и исто така ни помагаат со организирањето на патувањата. Нивната поддршка е неверојатна и е заслужна за оддржувањето на нашата група.“
Повеќе информации и дополнителни активности на фан-клубот, можете да најдете на следните линкови:
https://www.facebook.com/irish.hibernians
https://www.facebook.com/groups/340321283589989/